Македонскиот сервис за гласање, iVote.mk, се најде помеѓу 25-те победници на European Venture Contest 2013 кој се одржа на 9-ти и 10-ти декември во Дизелдорф, Германија. На настанот, oрганизиран од Europe Unlimited, учествуваа над 120 компании со 800 апликации, од кои беа избрени само десетина победници во три категории. Според европското жири, составено од инвеститори и бизнис-ангели, решенијата на iVote.mk за изборни процеси и избирачки списоци, беа оценети како „стабилни, ветувачки и перспективни“. iVote доби учество на европскиот натпревар по победата на Balkan Venture Forum во Тирана. Нивната платформа за менаџирање на гласови, iVote Demokra, до сега има обработено повеќе од 100 милиони гласови од разни избори од ширум светот.
„Учеството на европскиот инвестициски натпревар ни даде одлична можност да се поврземе со потенцијални партнери и инвеститори со чија помош ќе обезбедиме брз развој и проширување на меѓународните пазари. Оваа награда е признание за правилниот пристап што го имаме кон освојување нови пазари и ја одликува посветеноста на секој член од семејството на iVote“, вели ко-основачот на iVote, Љупчо Антовски.
Здраво,
Само мала исправка: точно е дека на European Venture Summit имаше 25 победници, кои беа поканети на European Venture Contest. iVote беше една од тие 25 компании. Потоа беше избран за победник на EBC, заедно со уште 3 други компании, како најдобри од 25те поканети на EBC.
Здраво Томислав, нема таков податок на сајтот и во ПР текстот од EVC, освен дека се изберени „Top 25 emerging companies“. Може линк за проверка?
btw честитки за iVote.mk. :)