Ладното време, евтината и чиста електрична енергија од хидро и геотермални извори го прави Исланд совршено место за рудниците за дигиталната валута биткоин. „Рудниците“ се заштитени со безбедносна капија, стакло отпорно на куршуми и четири безбедносни точки пред да влезете во главната хала во која стотина комјутери постојано собираат крипто-монети. Oд 21-те милиони биткоини кои постојат во системот, во моментов се ископани само 12 милиони, или 8,4 милијарди долари.
„Тоа што го имаме овде се вистински машини за печатење пари. Не смееме да ризикуваме некој да влезе тука“, вели основачот на рудникот, Емануел Абиодун, за New York Times.
Со оглед на тоа дека е се поголема конкуренцијата кога се во прашање рудниците на биткоини, големите хали преполни со компјутери се неопходни за пресметки. Најчесто пресметките ги прават повеќе системи паралелно, но сите биткоини одат кај сопственикот на системот кој прв ќе го реши проблемот. Слично како и за серверите на Google и Facebook, ладниот Исландски воздух помага да се намали цената која се плаќа за ладење. Дополнително ниската цената на електричната енергија помага во исплатливоста на рударењето.
Сепак инвестициите во скапи комјутери кои се користат за собирање на крипто-монети не се без ризик. Минатата недела одлуката на кинеската влада да забрани депозити од јуани во биткоини ја сруши цената на биткоини на цели 50 отсто. Доколку целата дигитална економија пропадне, тогаш инвестирањето во скапи компјутери ќе биде залудно.
[youtube]VDK90WWh8Ck[/youtube]