Знаете зошто подкастите се кул и популарни? Бидејќи можете да слушате #ИТН било каде, преку било кој уред и во било кое време, и да чуете дискусија зошто Snapchat е следниот Facebook и зошто македонските игри се важни за нашата ИТ индустрија. Зборуваме и за coworking просторите кои се појавија скоро одеднаш во Скопје во обид да привлечат стартапи, но дали има доволно луѓе да ги пополнат?
#ИТН e подкаст на IT.mk и Радио МОФ, воден од уредникот на IT.mk, Виктор Дано, и маркетинг менаџерката Викторија Николовска; продуциран од Були од Радио МОФ. Сите епизоди може да ги најдете тука.