0 коментари 1 мин. читање 2 март, 2016

Security guru е нова македонска апликација за побезбеден Android

Security Guru е нова безбедносeн водич кој им помага на корисниците кои не се експерти да ги одберат најдобрите безбедносни апликации за нив. Креирана е од тим на дизајнери и програмери кој е предводен од Предраг Тасевски, безбедносен експерт од CyberSecurity.mk.

Сервисот има за цел да служи како помош на корисниците да најдат подобра заштита кога не се сигурни или не знаат што треба да направат. Корисниците треба да одговорат на три прашања, по што презема водичот кој ќе им најде Android апликации за безбедност кои најмногу им одговараат на корисниците, на пр. ќе ви понуди листа на апликации за анонимно сурфање, мобилни анти-вируси, или побезбедно заклучување на телефонот. Апликацијата има неколку верзии, а премиум верзијата доаѓа со десетина VPN профили, кои не доаѓаат преку апликацијата, туку CyberSecurity ги нуди како дополнителна услуга на компаниите и мобилните провајдери.

securityguru

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top