0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Заврши петтиот натпревар по роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2014

Над 100 студенти, повеќето од македонските технички факултети и 34 студенти од различни европски држави, ја славеа роботиката натпреварувајќи ги своите роботи во борби на сумо роботи, трки, играње и прецизност на натпреварот за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2014, кој се одржа викендов во Скопје.

„Со овој настан овозможивме студентите да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во роботиката и вештачката интелигенција. Исто така, практично, овозможивме студентите да ги применат своите програмерски знаења. Македонските студенти работеа во интернационални тимови и на овој начин, ги проширија своите видици, размислуваа глобално и разменуваа идеи, искуства и знаења“, објаснува Емилија Симоновска, главен организатор на настанот од ЕЕСТЕК ЛК Скопје.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top