0 коментари 1 мин. читање

Samsung претстави мобилен музички сервис Milk Music

Samsung го најави новиот музички сервис за своите Galaxy телефони – Milk Music. Услугата засега е ексклузувно достапна на Galaxy телефоните во САД, а доаѓа со 13 милиони песни и над 200 радио станици целосно бесплатно и без реклами.

Корисниците ќе можат да наместат кои песни да ги слушаат и колку често да ги слушаат своите омилени песни, а сервисот овозможува и листата да се креира според датата на излегување или популарноста на песните. Покрај веќе постоечките радиостаници корисникот ќе може да креира и станиви по сопствен избор. Milk music може да биде навистина одличен избор кога е во прашање радио за стрим на музика, сепак ограничувањето на сервисот единствено на Galaxy уредите го става во подредена улога за разлика од конкурентните Rdio и Spotify кои се достапни и на други уреди, но за жал не се достапни во Македонија.

[youtube]JZNjS3_bNwo[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top