2 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Закажана е првата интернационална Информатијада 2014 во Охрид

Oваа година за прв пат во регионот во Охрид ќе се одржи првата Информатијада 2014, на која ќе се натпреваруваат интернационални тимови во програмирање и компјутерско инженерство. Настанот е закажан од 8 до 12 октомври и е во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Настанот е најавен како меѓународен, а пред се е наменет за студентите на факултетот, но и за сите заинтересирани за програмирање и компјутерско инженерство. Цел на настанот е да креира врски со компании од информатичката и комуникациската технологија, разговори за иновации во ИКТ-индустријата. Дел од Информатијадата ќе бидат и најразлични предавања, работилници и екскурзии, a покрај ова настанот има и забавен карактер па учесниците ќе се натпреваруваат во неколку спортови, а не е заборавено ниту на дружењето па најавени се плажа и диско забави.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top