0 коментари 2 мин. читање 30 октомври, 2012

ИТ настан: WOWZAPP 2012, светски хакатон за Windows и во Македонија

Microsoft Македонија ќе одржи WOWZAPP 2012: Светски Хакатон за Windows кој ќе се одржи во периодот од 9-11 ноември. Преку викендот програмерите во преку 110 локации низ светот, вклучително и во Македонија, ќе работат индивидуално и во тимови за да креираат апликации достапни во Windows Продавницата.

На самиот настан, на учесниците ќе им бидат достапни ресурси и алатки потребни за да ги изградат нивните апликации за Windows 8. Преку креативност и талент тие ќе можат да ги развијат апликациите кои го менуваат начинот на кој работиме и играме денес, вели Microsoft.

Во тек на настанот, присутните ќе имаат шанса директно да соработуваат со Microsoft апликациски експерти, програмери, тренери и графички дизајнери кои ќе бидат спремни да им помагаат во осмислувањето, кодирањето и креирањето на нивниот сервис и апликација. Исто така ќе има и предавања и практични вежби кои ќе им помогнат на учесниците да го разберат развојот на апликаците и Windows 8. Дополнително, ќе има опција да ги тестираат своите апликации на местото на настанатот.

WOWZAPP 2012 ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ). За повеќе детали за настанот може да прочитатe на http://wowzapp2012.com.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top