0 коментари 1 мин. читање 30 октомври, 2012

Првиот трејлер на Angry Birds: Star Wars ни ги открива гневните Лук Скајвокер и принцезата Леа

Откако ја освоија вселената „Гневните Птици“ ги наострија клуновите и се упатија кон далечна галаксија. Новото продолжение на Angry Birds ги праќа птиците и прасињата во светот во кој најмоќни се „force-users“ а галаксијата е во вечна борба помеѓу подржувачите на империјата и бунтовниците. Најавата за Angry Birds: Star Wars е од поодамна, но сега го имаме и првиот трејлер за играта.

[youtube]0Yq9idnT1OM[/youtube]

Како што можеме да видиме на краткиот трејлер птиците ќе бидат џедаи, а прасињата овој пат ќе ја бранат империјата. Црвените птици кои најчесто се појавуваат во играта, ќе бидат Лук Скајвокер, а може да се препознае и принцезата Леа која не руши туку влече предмети.

Играта е најавена за 8 ноември за сите платформи, iOS, Android заедно со Kindle Fire, Windows телефоните,  PC и Mac.

[youtube]BferNXUH5dM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top