Иако ураганот Сенди ја одложи прес-конференцијата на која требаше да бидат претставени Nexus 4, Nexus 7 и Nexus 10, Google сепак се одлучи уредите да бидат презентирани на својот блог. Под мотото „Најдоброто од Google од сега во три големини“ компанијата ги презентираше Nexus 4 паметен телефон кој ги изработуваат во соработка со LG и Nexus 10, таблет на кој соработуваат со Samsung, кој му се приклучуваат на новата верзија на Nexus 7 таблет компјутерот.
[youtube]pHuoDqcIyqk[/youtube]
Новиот таблет компјутер Nexus 10 е изработен од Samsung и е најавен како најдобар уред за забава. Десет инчниот дисплеј е со 2560×1600 резолуција и 300 пиксели на инч. Батеријата овозможува 9 часовно гледање филмови или 500 часа во мирување. Уредот ќе подржува повеќе корисници кои својот профил ќе можат да го изберат на екранот за отклучување.
Најголемата вест за Nexus 7 е дека Google ја „пензионира“ верзијата со 8 GB простор, а на нејзино место доаѓа 16 GB верзија. Всушност Google двојно ќе го зголеми капацитетот на Nexus 7 уредите, па наместо 8 ќе биде верзијата со 16 GB односно 32 наместо 16 GB.
Сепак Nexus 10 и Nexus 4 не се само нови уреди, таблетот и телефонот се пионери на новата 4.2 верзија на Jelly Bеan. Новата надградба на оперативен систем доаѓа со „Gesture Typing“ што овозможува да го влечете прстот по екранот кога пишувате наместо досегашниот начин на пишување. Android 4.2 доаѓа и со „Photo Sphere“ апликација, мотивирана од Street View, а овозможува фотографии во 360 степени. Ново е и додавањето на Miracast протоколот кој овозможува стримање на видео од телефонот на телевизори, засега со потсредство на Miracast Box, но LG најави интеграција во сите телевизори од компанијата кои ќе излезат во 2013 година.
[youtube]66-4uMQqerA[/youtube]
Новиот Nеxus 10 уред ќе чини 400 и 500 долари за таблет компјутерите со 16 GB и 32 GB простор.
Ќе биде интересно да е види и колку од корисниците ќе ја надградат Android верзијата на 4.2 посебно ако се има во предвид дека последните вести за пенетрацијата на 4.1 ја ставија надградбата под 2 отсто.







