Состави си свој апарат: започна продажбата на Bigshot DIY

во Хардвер

Bigshot започна да го продава својот DIY (do it yourself) фотоапарат кој треба да ја доближи технологијата до децата за полесно да разберат како функционира техниката, или како што вели креаторот проф. Шри Најар, „децата треба да си ги засукаат ракавите, и во време кога софтверот владее, треба да научат да составуваат хардвер“.

„На ова гледам како искуство кое вклучува учење-со-градење, па потоа фотографирање и конечно споделување на фотографиите со децата од останатите заедници – тоа е целото искуство.“, вели г.Најар.

Иако производот наликува на играчка, станува збор за потполно функционален фотоапарат кој ќе им помогне на децата од 8 до 10 години да се запознаат со електроника, процесирање на слики и технологија на дисплеј, јавува BBC. Камерата има рачка која овозможува да се наполни апаратот доволно за фотографирање, а објективот на корисниците за своите фотографии им остава избор помеѓу обична, панорамска и 3Д фотографија.

Средствата за креирање на комплетот од кој се составува фотоапаратот се од фондови на Google и Министерството за одбрана на САД. Продажбата оди преку компанијата EduScience со седиште во Хонг Конг, која за секој продаден апарат му исплаќа авторски права на г. Најар. Овие пари тој сака да ги искористи за да донира Bigshot апарати за сиромашните деца насекаде. Цената на Bigshot DIY е 89 долари и според креаторот „понудата на волку евтин фотоапарат претставува вистински предизвик“. На почетокот камерата ќе биде достапeн во САД.

[youtube]1B44snveAqw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk