0 коментари 1 мин. читање 6 август, 2013

3Д испринтана пушка испука 14 куршуми пред да се скрши

Креаторите на Grizzly, пластична пушка изработена целосно со 3Д принтер, објавија видеа на кои се гледа дека пушката може да испука 14 куршуми по ред пред да и се скрши цевката. Пушката е направенa според подобрен дизајн на Коди Вилсон, кој ја направи првата 3Д испринтана пушка која се скрши по првиот испукан куршум. Откако ги објави шемите на интернет, г. Вилсон наиде на проблеми со властите кои го обвинија дека прекршил интернационални регулации за трговија со оружје.

Од видеото подолу се гледа како креаторот на пушката, познат како „Метју“, има доволно доверба да ја држи пушката во рака, иако во претходните видеa од првите тестирања, користеше конец за повлекување на чкрапалото.

[youtube]dKsJe11itb4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top