ИТ настан: Втор Engage на 23-ти февруари

во ИТ.МК

И втора година по ред ќе се одржи конференцијата Engage на која странски и домашни блогери, активисти и експерти ќе дискустираат за слободата на говор и граѓанската мобилизација преку интернет.

На конференцијата која е закажана за 23-ти февруари ќе има 12 говорници, 4 работилници, 2 панел дикусии и неколку изведувачи. Сè уште нема делати за гостите, ниту за распоредот, но новиот сајт за конференцијата е активан, и најверојатно ќе биде споделено наскоро. Се очекуваат 350 гости, а Радио МОФ дополнително ќе обезбеди аудио и видео стриминг и бесплатен интернет за сите. Целта е овој настан да биде „виртуелен и физички собир на македонската онлајн заедница“.

Подолу е инфографик за се што се случуваше на ланскиот настан која беше првата .мк конференција за друштвени мрежи и активизам.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments