Apple го објави iOS 6.1.1 за да го поправи iPhone 4S

во Софтвер

Apple објави нова надоградба на iOS за iPhone 4S за да го поправи проблемите кои настанаа од претходната верзија на оперативниот систем. Оваа наодградба ќе треба да ги поправи проблемите со прегревањето и брзото трошење на батеријата кое го пријавија куп корисници пред некој ден, иако некои македонски iPhone корисници за It.com.mk рекоа дека немале никаков проблем со нивните уреди и iOS 61.

Проблемот беше потврден и од мобилните оператори кои ги замолија корисниците да ја почекаат iOS 6.1.1 верзијата, која Apple за кратко време ја објави. Vodafone кои беа првите кои ги предупредија корисниците за проблемот, кој се чини се појавува со 3G мрежата, сега објавија дека е во ред да се надогради мобилниот ОС.

Што се однесува до другите корисници на новиот iPhone 5 кои се жалеа за брзото трошење на батеријата е непотребна, за нив нема надоградба, што значи a) или паниката била непотребна или b) Apple подготвува посебна надоградба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments