Social Media Day е глобален настан инициран од светски најпознатиот блог за интернет култура Mashable, кој на 30-ти јуни ќе се одбележи по петти пат во 200 градови низ светот. Во Македонија #smdaymk ќе се оддржи по трет пат, и, според организаторите New Media MK, е замислен како настан на кој ќе има „многу дружење, многу дискусија, размена на искуство, журка и секако многу насмевки“.
„Во Македонија првата година кога го организаравме првиот локален Social Media Day Macedonia организиравме караван. Таа сабота, се разбира 30 јуни едно комбе полно со „зависници” од социјални медиуми се упати во три града низ Македонија каде заедно со локалната заедница се дружеше и споделуваше знаења. Појдовме од Скопје рано изутрина, прво бевме во Прилеп потоа во Тетово па Куманово и на крај се вративме во Скопје за голема вечерна забава. Импресии имаше многу… и сите позитивни. Дел си најдоа свое место и на нет, а ова беа и нашите импресии објавени на комуникации.нет“, вели Дарко Булдиоски од New Media Mk. „Лани, или втората година на одбележување на Social Media Day Macedonia бевме на Велешкото езеро и организаравме малку побогата програма. Имавме јавен повик за да зборува кој сака. Се собраа повеќе од 10 презентери и си отворивме еден куп интересни теми за муабет“.
Social Media Day Македонија e закажан за 30-ти јуни, кога ќе се одржи настанот и во целиот свет, со почеток во 17:30 часот во Стара Круша, Волково. Пријавувањето е во тек, а доколку имате желба да презентирате нешто, може да се пријавите како говорник. Ќе имате 10 минути да споделите лична приказна или искуство со друштвените медиуми. Другите, пак, можат да присуствуваат на дружење и забава, бидејќи е најавено дека за прв пат ќе има и „afterparty“.
[youtube]cHK83GjzxGs[/youtube]