0 коментари 2 мин. читање 20 јуни, 2014

Apple iWatch ќе доаѓа во неколку различни модели

Apple нема да претстави еден паметен телефон, туку неколку различни модели кои ќе имаат до 10 сензори, меѓу кои и сензори за следење на здравјето и фитнес активностите, велат анонимни извори за Wall Street Journal. Apple сака паметниот часовник, кој се уште нема официјално име, иако сите го нарекуваат iWatch, да има различни функционалности од тие на iPhone телефонот, со цел да се понуди разновидност за корисниците. Се очекува HealthKit да биде клучната функционалност кај паметните часовници, посебно што истиот е платформа врз која можат да се прават апликации.

„Очекувам дека Apple ќе претстави паметни часовници што ќе имаат различен дизајн бидејќи часовниците се модни аксесоари. Една големина не одговара за сите“, вели аналитичарот Минг-чу Кујо за WSJ.

Но, Reuters вели дека најверојатно iWatch ќе има 2,5 инчен екран. Reuters се повикува на тајвански производители кои треба да обезбедат до 50 милиони парчиња во првата година откако ќе биде објавен часовникот. Производството ќе започне следниот месец, што може да наговести дека iWatch ќе биде претставен на есен.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top