ИТ настан: Студенти, пријавете се на работилница за 3Д моделирање со Fx3x

3D Digit е интензивна, еднонеделна работилница за 3Д моделирање и анимација, закажана за периодот од 20 до 27 април оваа година. Работилницата е во организација на Студенскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во соработка со реномираното македонско студио Fx3x и акселераторот NewMan’s Business. Можноста за учество на 3Д-работилница со луѓе од Fx3x студиото, кое работеше на Guardians of Galaxy и Captain America: The Winter Soldier, два филма номинирани за Оскар за ефекти; би требало да е доволна мотивација за сите заинтересирани да се пријават за учество во работилницата.

Пријавувањето е во тек и трае до 5ти Април, начинот на селекција на учесниците ќе се одвива според предзнаењето кое го имаат од темата, односно колку ја познаваат програмата Autodesk Maya која ќе се користи на работилницата. Финалето на работилницата ќе се одржи на 27 Април во Киното Фросина, каде што жири ќе го одлучи победникот од работилницата.

[youtube]pszNJBHpFKw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
w3schools
w3schools
6 years ago