0 коментари 2 мин. читање 31 март, 2015

Започна со книги, а сега Amazon продава се што сакате, дури и часови по музика

Amazon започнува со нова понуда на услуги во 41 држава во САД, со кои ќе понуди се што може да се купи. Онлајн продавницата пред десетина години започна да продава книги онлајн, па стана магацин од каде може да се купи се, а сега започнуваат да нудат и услуги по дома. „Имаме 85 милиони корисници кои купиле производ минатата година, а за кој потоа им е потребна некаква услуга. Телевизори, WC-школки, лабавоа…“, вели Питер Фариси заменик претседател на Amazon Marketplace за Verge.

Во Amazon Home Services корисниците можат да побараат стотици услуги како инсталација на телевизор, уредување на двор па дури и музички часови за пијано. Пред да можат да ги понудат своите услуги на платформата контрибуторите ќе бидат темелно проверени од Amazon, а прегледите и препораките доаѓаат од милионите корисници на Amazon. Најголем дел од контрибуторите на Home Services ќе бидат локални, но компанијата има соработка и со национални ланци како PepBoy. Сервисот треба да понуди квалитетна усуга без можност за ценкање, а услугата ќе биде наплатена откако ќе добијат потврда за извршената услуга. Amazon ќе зема помеѓу 10 и 15 отсто провизија од наплатата, во зависност дали станува збор за редовни, посебни или стандардни услуги.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top