Како најдобро да си го заштите компјутерот? Според Џастин Шух, инженер за безбедност во Google и одговорен за безбедноста на Google Chrome, не треба да бидете наивни и да верувате дека сте безбедни. Напротив, треба да очекувате дека некој сака да ви ги украде податоците. Г. Шух во интервју за Business Insider сподели пет совети за безбедност, кои доколку го следите ќе ја намалите можноста некој од профилите да ви биде пробиен.
- Избегнувајте да користите јавни компјутери и ако користите, најдобро да претпоставите дека секоја информација која ја внесувате може да ја споделувате со јавноста. Затоа најдобро е од јавни компјутери никогаш да не се проверува банковна сметка или слични чувствителни информации.
- Користете различни лозинки за различни сервиси! Без разлика дали ќе користите лозинки кои некако ќе ги запомните или ќе користите „менаџер за лозинки“, оваа пракса ќе овозможи доколку и ако ви е пробиен еден сервис останатите да бидат безбедни.
- Користете двојна авторизација за сите сервиси кои го овозможуваат ова. Најголем дел од случајните напади значително се избегнуваат со двојна авторизација.
- Не го инсталирајте секој плагин. Бројот на малициозен софтвер, без разлика дали станува збор за екстензија или фајлови постојано расте. Корисниците најчесто ги игнорираат предупредувањата од прелистувачите и преземаат содржина. „Chrome добро заштитува од плагини. Пред неколку години имаше проблем, но со многу работа го надминавме“, вели г. Шух.
- Надградувајте го прелистувачот на последната верзија. Дел од безбедносните пропусти се затвораат со новите верзии на прелистувачите, па користење на постари верзии значи дека поправањето на пропустите е залудно.
И секогаш, секогаш бидете претпазливи.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови