0 коментари 3 мин. читање 27 јануари, 2016

ИТ настан: Startup Europe Week доаѓа во Скопје овој февруари

Стартапите можат да бидат движечка економска сила за една држава. Во последно време сведоци сме на „стартап треската“ која го зафати секој град, на секоја држава во светот. Многу млади луѓе се одлучуваат да започнат свој бизнис, инспирирани од успешните приказни кои се врзани со стартапите. Со цел да научиме повеќе за многуте аспекти на претприемачкиот живот во 21 век, Startup Europe Week, ни нуди уникатна можност– #SEweek16 од 1 до 5 февруари 2016 година.

Во текот на оваа недела локални претприемачи и засегнати страни во повеќе од 40 европски држави и 200 градови низ Европа, ќе се вмрежат, ќе дискутираат за можности за стартапи, како и за тоа како ЕУ може успешно да влијае на претприемачите од овој регион. Кога станува збор за отпочнување на бизнис во Европа, можеме да забележиме регионална разновидност и тоа дека креирањето на локалната политика игра голема улога во обликувањето на европската стартап сцена. Европските региони се клучни играчи, да им помогнат на претприемачите да стартуваат бизнис, но и во делот за обезбедување на грантови, во делот за даноци итн…

На иницијатива на DigitalAgendaEU со поддршка на Европската Комисија, StartUp Europe Week доаѓа во Скопје, со помош на локалните ко-организатори: Нина Николиќ oд StartUpSelfie и Brainster; Зоран Настески oд Inception Enterprise; Игор Маџов oд NewMan’s Business Accelerator; Илија Вучков oд EMKICE; Јулиа Мицевска од CoSeed и MadiGroup; и Миле Бошков oд Бизнис Конфедерација на Македонија.

Што ќе се случува во текот на првата недела на февруари во склоп на SEWeek Skopje? Проверете ги различните настани на кои може да присуствувате, без трошоци, со претходна резервација:

  • 1 февруари – Можности за финансирање од ЕУ за претприемачи, стартапи и приватен сектор.
  • 2 февруари – Ноќ за вмрежување на стартап основачи
  • 3 февруари – Бизнис Иновативни Центри и бенефитите за мали и средни претпријатија
  • 5 февруари – Поддршка за МКстарт-ап заедницата

Регистрирајте се денес, бидејќи билетите се ограничени по настан и дојдете заедно да го прославиме стартапскиот начин на живот!

Напишано од

Нина Николиќ

Откако дипломира на е-бизнис, Нина работеше социјален маркетинг, беше консултант за комуникација во интернационални организации и НВО-а. Сега ја истражува стартап заедницата во регионот како еден од ретките фриленсери за интернационални медиуми.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top