0 коментари 2 мин. читање 27 јануари, 2016

Netcetera ќе инвестира во стартапи од Македонија, Хрватска, Србија и Словенија

Швајцарската софтверска компанија Netcetera, која има канцеларии и во Скопје, најави дека во 2016-та година ќе инвестира по 180.000 евра во пет стартапи од регионот. Планот е инвестициите да продолжат и во следните години.

„Гледаме многу потенцијал во пазарот, подготвени сме да инвестираме и да го прошириме нашиот опсег. Веќе добро го познаваме регионот затоа што тука сме инвестирале и во минатото. Доказ за тоа е нашата важна локација во Македонија со 130 вработени. Цврсто веруваме дека талентот во регионот е исклучителен и сакаме да поддржиме перспективни стартап компании“, вели Андреј В’чковски, директор на Netcetera.

Koмпанијата ќе соработува со инвеститорот Дарко Бутина кој ќе ги прегледува стартапите што ќе аплицираат. Планот е да се инвестираат „smart money”, односно стартапите освен пари ќе добијат и менторство и совети за претприемништво. Netcetera сака да инвестира во ИТ стартапи кои работат на финансиски технологии, поврзано здравство, транспортни технологии, дигитално претприемаштво, како и софтвер за медиуми и забава. Покрај Македонија, Хрватска, Србија и Словенија, компанијата ќе разгледува и стартап компании во земјите каде има канцеларии, поточно во Швајцарија, Германија, Австрија и Обединетите арапски емирати.

За да аплицирате за инвестицијата, треба да испратите детали за вашиот стартапи и бизнис модел до Netcetera, заедно со статистика и други факти што ја објаснуваат.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top