0 коментари 3 мин. читање 26 јуни, 2012

ИТ настан: Oбјавена е агендата на Social Media караванот низ Македонија

<Надополнето 26.06> New Media Mk ја објави агендата, т.е. времето и местото каде ќе се движи Social Media караванот низ Македонија. Караванот трга од Скопје со едно комбе и една кола, што се вкупно 12 луѓе и ќе помине низ неколку градови во Македонија со цел да се запознае со локалните твитерџии и зависници од друштвени медиуми. Секој кој има возило е поканет да се придружи, и секако секој може да се сретне со караванот на следниве локации:

  • 09.00 Тргнување од Скопје (место на поаѓање Железничка станица)
  • 12.00 Прилеп – Клуб Калипсо (старо Габијано) (FB настанMeetup)
  • 16.00 Тетово – Кафе Амнезија (FB настанMeetup)
  • 19.00 Куманово – Ирски Паб (FB настанMeetup)
  • 21.00 Скопје – Форца (FB настанMeetup)

Сите детали може да се најдат на Facebook настаните, и на Twitter преку хаштагот #smdaymk.

</надополнување>

Ова е трета година како Mashable го организира светскиот Social Media Day, а оваа година истиот покрај другите 475 градови, ќе се одржи и во Македонија.

Social Media Day e настан кој се одржува на глобално ниво на 30 јуни и ја означува дигиталната револуција што се случува секојдневно пред нашите очи. Без разлика дали некој известува нешто ново на интернет или слуша и чита инспиративни говори, сите имаме видено како преку друштвените мрежи се поврзува светот и луѓето со слични интереси. Настанот во Македонија е организиран од Дарко Булдиоски (@darko156) и Наталија Трајчевска од New Media MK.

„Ние не бараме многу, само желба за дружба и размена на искуства.“, вели Дарко. „Во сабота, на 30 јуни едно комбе полно со „зависници” од друштвени медиуми ќе се упати низ Македонија во Прилеп, Куманово, Тетово и Скопје каде заедно со локалната заедница ќе се дружат и споделуваат знаења. Ќе има кратки презентации на неколку различни теми за друштвени медиуми, споделување на искуства и совети и останатот време ќе се дружиме.”

Деталната агенда се уште е во изработка, што значи локацијата и временскиот распоред ќе бидат објавени во следните неколку денови, а до тогаш следете ги случувања на Twitter преку хаш-тагот #smdaymk.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top