WordPress.com блокови со вештачка интелигенција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Корисниците на WordPress.com ќе можат да користат вештачка интелигенција за да генерираат содржина. Ако следите што се случува со развојот на вештачка интелигенција веројатно веќе помисливте дека секако ова може да го правите со некој од различните сервиси како chatGPT.

Во овој случај не станува збор за тоа, туку за два нови блока. Блоковите ги изработија во партнерство со OpenAI. „AI Paragraph“ може да генерира текст кој се базира на постоечката содржина во постот, или да креира соодветен текст за насловот на постот. „AI Image“ како што навестува и името на блокот, креира слика од текстуално барање. За креирање на содржината на блоковите се користи вештачка интелигенција од OpenAI. Официјално името на функционалноста е Jetpack AI.

Моделите и алатките за вештачка интелигенција се помалку непредвидливи. Сакаме да бидеме внимателни како овие алатки се однесуваат, какво влијание ќе имаат врз вашата креативност, и како можеме да ги подобриме да ви помагаат.

Засега нема цврста определба за зачувување на овие блокови. Можна е промена или целосно нивно отстранување во иднина. Ако, и кога ќе бидат официјално достапни, веројатно ќе биде потребно дополнителна доплата за нивно користење. Висината на цената ќе биде во зависност од тоа колку WordPress.com ќе треба да му плати на OpenAI за сервисот.

Како изгледаат блоковите

Ако ве интересира како изгледаат новите експериментални блокови, Сара Гудинг на WPTavern има одлична презентација за нејзиното искуство со Jetpack AI.

Блокот за генерирање на слики функционира исто како Dall-E. Корисникот внесува текст опис, блокот „враќа“ четири слики, од кои корисникот одбира слика која сака да ја користи. Сликите барем засега не се најдобри и често се заматени или искривени.

Блоговите за текст се нешто подобри. Содржината автоматски се генерира врз основа на текстот кој веќе е достапен во постот. Корисникот треба да внесе барем наслов, а не постои можност со која корисникот може да внесе барање врз основа на кое ќе се генерира текст кој потоа ќе може самиот да го доуреди. За генерирање на текстот не се користи само содржината на постот туку и категориите и таговите кои се искористени.

На оригиналниот пост на WordPress.com веќе има интересни забелешки од корисниците кои ја користат експерименталната функционалност. Прашањата се однесуваат на потенцијалната примена во блоковите, но и на тоа кој ги поседува правата за сликите кои се генерираат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments