0 коментари 2 мин. читање 11 февруари, 2013

ИТ настан: Регистрацијата за регионалната Твитоманија е отворенa –

По Блогоманија која привлече над 400 блогери од екс-Ју регионите, сега следи втората Твитоманија, регионална конференција за друштвените мрежи која ќе се одржи од 8 до 12 мај 2013 година во Хрватска. Темата на конференцијата ќе биде „Друштвените мрежи и животот“, а ќе се диксутира за сите сфвери во секојдневието кои сега зависат од интеракцијата на друштвените мрежи.

„Овогодинешнава Твитоманија на едно место на хрватското приморје ќе збере над илјада корисници на популарната друштвена мрежа кои буквално ги изедначија анонимците со познатите личности, претприемачите и корпорациите, народото и политичарите, офлајн и онлајн медиумите, и кои ни овозможија двосмерна комуникација со сите тие луѓе кои влијаат на нашиот секојдневен живот и го прават … па секако поинтересен.“, велат организаторите.

На настанот ќе има предавања од експерти, панел дискусии и работилници со јавни личности, блогери, медиуми, институции и властите кои имаат искуство со друштвените медиуми. Најавените говорници и програмата може да ги видите тука.

Сите детали за конференцијата и како да се регистрирате ќе најдете на официјалниот сајт.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top