0 коментари 2 мин. читање 11 февруари, 2013

Apple експериментира со iWatch

Новиот проект на Аpple е паметен часовник со заоблено стакло кој е и радио, мапа или телевизија. Во момоментов компанијата експериментира со уредот кој ќе работи на iOS платформата, но нема датуми ниту повеќе детали кога тој уред ќе биде објавен, пишува New York Тimes. Тоа што се знае е дека паметниот часовник на Apple ќе користи заоблено стакло, налик на новото Willow Glass на Corning, креаторите на Gorilla Glass. Corning уште при претставувањето на стаклото најави дека тоа ќе се користи за паметните телефони, часовници и други паметни уреди.

Интересно, Forbes пишува дека пазарот на паметни телефони сè уште не е толку напреден за Apple iWatch. Ако се погледнат другите паметни часовници тие се уште не се доволно добри, батеријата им е слаба, мора да имаат bluetooth и екраните се помали. Знаејќи дека технологијата сè уште не е доболно добра, тешко дека Apple е подготвен да направи солиден и квалитетен продукт. Всушност, Apple веќе има паметен часовник – шестата генерација на малиот коцкаст iPod Nano кој може да се носи на зглобот.

Иако iWatch во моментот е само експеримент, прашање на време е кога Apple, Google и другите гиганти ќе ги претстават своите нови продукти кои нема да бидат само телефони или таблет компјутери, туку паметни часовници и наочари поврзани со интернет.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top