Компјутерите знаат кои сте, според вашите лајкови

Компјутерите можат да ви го одредат карактерот, и тоа подобро отколку најголем дел од вашите блиски пријатели. Истражувањето на Ву Јују, Михалел Косински и Дејвид Сидвел покажува дека единствено брачниот партнер може поточно да ви го предвиди карактерот, во споредба со компјутерот. Сите останати познаници најверојатно ве познаваат полошо од Facebook!

Во студијата се земени предвид работите за кои испитаниците одбрале дека им се допаѓаат на друштвената мрежа. Притоа не станува збор за статуси или пораки, туку за лајкови на филмови, книги, музика и друго. Анализирајќи над 250 „лајкови“ компјутерот може точно да го определи карактерот на личноста.

Системот не е совршен и главно се состои во генерализирање и собирање на луѓето во ист „кош“ со останатите на кои им се допаѓаат слични содржини. Така на пример Star Trek, J.R.R. Tolkien или математика му кажуваат на софтверот дека станува збор за интровертна личност, иако тоа може лесно да биде неточна прогноза. За луѓето кои се подготвени за нови искуства компјутерот верува дека им се допаѓа медитација, TED говори и слично. Иако станува збор за речиси навредливи стереотипи, истражувањето и резултатите на компјутерот сепак покажаа дека друштвената мрежа знае повеќе за вашиот карактер од пријателите.

Резултатите на истражувањето можеби не треба да не изненадат, уште повеќе што пред кусо време друштвената мрежа објави дека може да предвиди кога размислувате за промени во љубовниот живот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments