0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Промоција на сајтот на Школа за отворени податоци

Како отворените податоци може да им помогнат на граѓанските организации, медиумите, активистите и државните институции во унапредување на јавниот интерес? Фондацијата Метаморфозис ве поканува да присуствувате на промоцијата на веб сајтот на Школа за податоци – Македонија, која ќе се одржи овој четврток, на 04.06.2015, во Клуб на новинари во Скопје, со почеток во 11.00 часот. На промоцијата на веб сајтот ќе биде претставен и конкурсот за проекти и иницијативи кои вклучуваат примена на отворени податоци, а воведно обраќање ќе одржи амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Едмунд Герет. Што се однесува до самиот сајт, тој ќе се користи за споделување корисни информаци и курсеви за како правилно да се користат отворените податоци, и ќе бидат наменети и за почетници и за професионалци.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top