Основачот на нелегалниот и скриен Silk Road е казнет со доживотен затвор

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Рос Улбрихт, креаторот на контроверзниот сајт за нелегална трговиа, Silk Road, е осуден на најстрогата казна за својот прекршок – доживотна затворска казна. Ова е најголемата казна која можеше да му биде пресудена на г. Улбрихт, кој без жалба остатокот на животот ќе го помине зад решетки, вели Verge.

„Не сте нималку подобра личност од останатите трговци со дрога. Вашето образование не ве прави различни и го прави ова непростливо“, му се обрати судијката Катерина Форест на г. Улбрихт, познат и како Dread Pirate Roberts, објаснувајќи ја својата пресуда.

Silk Road е најголемата продавница за наркотици на „скриениот интернет“, или „длабокиот веб“ како што се нарекува, и кој може да биде пристапен само преку анонимни прелистувачи. Се проценува дека сајтот посредувал во продажба на наркотици во вредност од 200 милиони долари. Ова е една од причините за ригорозната казна која судот ја определи за креаторот на најголемата продавница за дрога во светот.

Малку подобро помина вториот-осомничен Корнелиус Јан Стомп кој е осуден на 10 години затвор за трговија со амфетамини, екстази, кокаин и LSD, кој благодарение на Silk Road посредувал во продажба на опојни средства во вредност од 385.000 bitcoin-и. Судските документи велат дека г. Стомп е посредник во продажба на 104 килограми methylenedioxy-N-methylamphetamine, 556.000 апчиња екстази, 4-килограми кокаин, 3-килограми Benzodiazepine и значително количество амфетамин, LSD и марихуана. Една од причините за драстичната разлика во казните помеѓу двајцата е што судијката смета дека г. Улбрихт не покажува жалење и смета дека е над законот. Не помогнаа ниту тврдењата на адвокатот на г.Улбрихт дека купувањето на наркотици од Silk Road е значително побезбедно од купувањето од улични дилери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments