ИТ настан: Пријавете се за тромесечна обука за граѓанско новинарство на интернет

Десет индивидуалци ќе можат бесплатно да се стекнат со вештина за граѓанско новинарство, вели фондацијата Метаморфозис која објави повик за пријавување на учесници кои ќе поминат тромесечна обука за граѓанско новинарство на интернет. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со технички вештини за создавање на мултимедијални информации, но и да се запознаат со правилата за создавање на содржини на веб преку обука и работа со експерти од областа.

Процесот на создавање на граѓани-новинари ќе се состои од две фази. Во првата фаза сите избрани учесници ќе поминат обука за стекнување на вештини од областа на граѓанското новинарство на интернет, меѓу кои: создавање на содржини и нивно објавување на веб, истражувачко новинарство, работа со звучни записи на интернет, работа за фотографии на интернет, работа со видео записи, друштвени медиуми и учење за основните поими од областа на авторските права и Creative Commons.

Втората фаза од обуката ќе биде тромесечен менторски процес, каде на секој учесник ќе му биде доделен ментор со кој ќе работи на примена и подобрување на стекнатите вештини од првиот циклус.

Доколку сте заинтересирани, може да се пријавите на сајтот на фондацијата Метаморфозис. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 15 август, 2012 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk