Google им се заканува на YouTube-to-MP3 сајтовите со тужба поради прекршување на правилата на користење на сервисот, пишува TorrentFreak цитирајќи ја писмената опомена која ја доби основачот на YouTube-MP3.org, можеби најдобриот сајт и мој фаворит за претварање на YouTube видеа во MP3.
Во своето писмо, Харис Кохен напоменува дека сајтот ги прекршува правилата на користење кои Google ги има напишано за секој што ќе сака да го користи нивното API. Сепак, колку и да сме против одлуката на Google, точно е наведено во правилата дека е забрането „разделување, изолирање, или модифицирање на аудио или видео компонентите на било која содржина на YouTube која е достапна преку API-то на YouTube“. Google е еден од најголемите поддржувачи на слободната култура и е против цензурата на Интернет, но се чини дека се приморани на такви одлуки за да ги задржат своите интереси во премиум медијата, а истовремено и да ја заштитат слободата на интернет.
Додека „Филип“, основачот на YouTube-MP3.org бара помош и сака да пронајдат заедничко решение и да не го изгаси својот сервис, YouTube реши да го блокира пристапот на сите слични YouTube-to-MpP3 сервиси.
Е ако де, ко да не постојат огромен број на бесплатни open source програмчиња што го прават истото.
абе ко ќе го рокнат еден со тужба, ќе видиш после како ќе ги снема тие иЉадници работи :)
Нема шанси се да изгасат.Постојат иљадници сајтови,аддони за фаерфокс и слично преку кои се конвертираат видеата од јутјуб во мп3 :)
И тие додатоци за FF и Chrome работат на ист начин, преку некој ист таков сервис.