ИТ настан: Пријави се на конкурсот за иновации и стартапи на Deutche Telecom

во Совети

Deutsche Telekom го отвори својот конкурс за иновации, во кој ги повика тимовите на студенти и претприемачи, млади ИТ компании и вработените во групацијата да ги споделат своите решенија за иднината на комуникациите, Интернет на нештата, сајбер-безбедност и работата со облакот и суровите податоци за награди до 150.000 евра. Пријавувањето на конкурсот е до 11-ти април на telekom-innovation-contest.com. Најдобрите пријавени идеи ќе бидат поканети на национални прелиминарни конкурси во неколку европски градови. Финалистите ќе бидат изберени на национално ниво, а потоа во Краков, Полска, и на интернационално ниво до крајот на јуни 2014-та година. Финалистите ќе учестуват во четиридневна програма за менторство и обука за да ја доработат својата идеја. Победничкиот тим ќе се претстави пред публиката на „Долгата ноќ на почетници“ на 6-ти септември во Берлин. Целиот настан, на кој лани се пријавија над 700 тимови од 45 земји со 444 идеи, е поддржан од hub:raum програмата за стартапи на Deutsche Telekom.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments