ИТ настан: Придонеси фотографии за Википедија на македонски јазик

Wiki Loves Earth 2015 е натпревар на фотографија кој го организира онлајн енциклопедијата Wikipedia. Станува збор за меѓународен натпревар кој се одржува во 19 земји, меѓу кои и во Македонија.

Во натпреварот можат да учествуваат сите фотографии од национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Фотографиите ќе бидат објавени под слободна лиценца. Целта на натпреварот е да се збогати Wikipedia со повеки медиски содржини, поточно фотографии. Натпреварот се одржува од 2013 година од украински ентузијасти, а за прв пат се интернационализира во 2014 година кога, исто како и сега, учествуваа македонските фотографи.

„Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!“

Натпреварот има симболичен награден карактер. Фотогрфот на прво-наградената фотографија ќе добие 300 евра, втората награда е 200, а третата 100 евра. Наградени ќе бидат и петте наголеми придонесувачи со 100 евра во денарска против-вредност. Со правилата и начинот на учество можете подетално да се запознете на сајтот на Википедија на македонски јазик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments