1 коментар 1 мин. читање

Reddit ќе креира своја видео содржина

Популарниот сајт за споделување содржина Reddit се подготвува за креирање на сопствена видео програма, а целта е создавање на што повеќе содржини за корисниците. Со креирање на видео содржини Reddit би можел да си обезбеди нов интересен начин за рекламирање, а 170 милиони посетители секој месец би обезбедиле финансии за уште повеќе потфати.

„Мисијата на Reddit е да ги поврзе луѓето на повеќе платформи преку автентични разговори, соработка и заедница – видеото е неверојатен медиум и нема подобар начин за споделување на оригинални сории од Reddit“, вели Алексис Оханиан, ко-основач на Reddit.

Во овој потфат на тимот на Reddit им се приклучуваат двајца ветрани од видео тимот на Verge, Стивен Гринвуд и Џордан Оплингер. Еден од првите проекти кои ќе бидат „телевизирани“ е AMA токму за можностите на автентичните содржини и поврзаноста помеѓу корисниците. Ова ќе биде правата АМА која ќе биде префрлена во видео, најавува Џордан Оплингер. Дополнително веќе се работи и на планови кои ќе овозможат префрлање на приказни од корисниците и форумите во видео формат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top