0 коментари 1 мин. читање 12 октомври, 2022

ИТ Настан: IT.mk мапирање, пијачки и дискусија

Денеска – 12-ти октомври, со почеток од 16.30 часот во просториите на новиот Netaville, IT.mk организира настан под темата “IT.mk мапирање, пијачки и дискусија“.

Идејата зад настанот е да ги презентираме податоците од мапирањето, а воедно и да поттикнеме одредени дискусии, па и да слушнеме по некоја аргументирана критика. Подетално на настанот, кој го организираме во соработка со Data Masters кои ни помогнаа со анализата и обработката на податоците, ќе навлеземе во статистиките како и логичните и нелогичните движења и увидувања при мапирањето, а воедно ќе се направат и некои паралели со мапирањето од 2019-та година.

Настанот ќе биде од неформален карактер, просторот е ограничен на 60-тина луѓе а можеби ќе има и по некоја гратис пијачка. ;)

Се гледаме во 16.30 ч. во Netaville!

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top