0 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2013

ИТ настан: Предавање и презентации на стартапите oд Start програмата на SuperFounders Skopje

Вечерва (среда) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи нов Startup Meetup на SuperFounders Skopje на кој ќе има две предавања за пазарно истражување и продажба, и претставување на осумте локални стартапи кои се приклучија на Start програмата. Стартапите веќе неколку недели работат на креирање на своите апликации и платформи, но се работи и на презентациите кои се усовршуваат со помош на ментори. Целта на програмата е апликациите да излезат надвор од земјава и на натпреварите за стартапи да привлечат интерес и инвеститори.

Предавањата ќе бидат од Ристе Мише, аналитирач за инвестиции од Влада на РМ, кој ќе зборува за пазарно истражување; и консултантот за менаџмент, Михаил Китановски, кој ќе зборува за „упатство за добивање на два нови клиенти“. По нив ќе следат презентации на стартапите и нивното дообучување од менторите. Средбите се отворени за сите заинтересирани во развивање на стартап, и можат да бидат доста интерактивни со анализите од менторите и другите стартапи. На денешниов настан, како дополнителна мотивација за стартапите, е најавена и посетата на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top