0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Победникот на #Zimogram е…

One конечно ги објави победниците на својот втор, овојпат зимен, Instagram натпревар. На #Zimogram беа пријавени повеќе од 1.000 фотографии од 250 автори, што е помалку пријавени фотографии од 2.500-те на #Letogram, иако фотографирањето во летото си има свои предности.

Првата награда, Samsung Galaxy S3 Mini, ја освои Небојша Гелевски – Бане, втората награда, Isotoner SmarTouch Gloves ракавици, ја добија Горјан Бошковски и Никола Т. Александра Гавриловска доби награда за најдобра колекција. Сите фотографии oд натпреварот означени со хаштагот #Zimogram ќе може да ги видите тука.

Instagram e мобилна апликација за споделување фотографии со над 100 милиони корисници. Апликацијата која нуди разни филтри за естетско уредување на фотографиите, од неодамна е во сопственост на Facebook.

Победничката фогографија на @Banekoma

Фотографијата на @Gorjanb

Фотографијата на Никола Т.

Фотографија на @Alexsandra84

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top