0 коментари 1 мин. читање

Google во нова реклама покажува како Nexus 10 може да се користи од повеќе корисници

Google има нова реклама за Nexus 10 во која, под мотото „The Shareable 10“, е претставен таблет компјутерот кој може да го споделите со семејството. Фокусот на рекламата е семејство кое очекува принова, преку кое Google ја претставува способноста на уредот да биде користен од повеќе корисници.

„Фокусот на мулти-корисничката функција е логичен, Apple се уште го нема инкорпорирано во iPad таблетите.“, пишува CNET. Корисниците на Windows 8 или RT може да го „делат“ таблетот но барем засега за Surface се потребни повеќе содржини. Се разбира дека покрај можноста за споделување, во рекламата се презентирани и содржините како видеа, книги, но и интеграцијата со Google+.

[youtube]GDCED88IZP4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top