0 коментари 1 мин. читање 11 март, 2013

ИТ настан: Објавена е програмата на регионалната конференција за друштвени мрежи Твитоманија

Во периодот од 8 до 12-ти мај, во Хрватска ќе се одржи регионалната конференција за друштвени мрежи – Твитоманија. Настанот ќе се одржи на хрватското приморје и ќе биде место на кое ќе се соберат илијадници корисници и експерти за друштвените мрежи од сите сфери на нашиот регион.

На Твитоманија најобичните корисници ќе може да застанат рамо до рамо со јавните личности, политичарите и поголем дел од познатите регионални фаци на друштвените мрежи и блогери. На настанот ќе се разговара за влијанието на друштвените мрежи во регионот, за користење на фотографиите, пропратено со примери за добра и лоша комуникација на мрежите. Меѓу поинтересните теми ќе бидат регоналните стартапи кои ги користат мрежите за промоција, но и говорите од државните институции кои се инволвирани со сајбер просторот.

Програмата ќе ја најдете тука. Можете да се пријавите овде.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top