Вториот балкански BlackBerry 10 Mini Jam e закажан во Белград, Србија на 6-ти април. Настанот кој е организиран од BlackBerry Developer Group Balkan и Амбасадата на Канада, и секако поддржан од BlackBerry, е уникатна можност за програмерите на Балканот да добијат информации за развојот на новата BlackBerry 10 платформа, како и да се запознаат со идните планови на BlackBerry.
BlackBerry 10 Mini Jam ќе ги обедини искуствата и знаењата на програмерите од Албанија, Бугарија, Босна, Хрватска, Унгарија, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција и ова нивно поврзување треба да доведе до посилна соработка, размена на информации и знаења и да овозможи подобар потенцијал за развој. BlackBerry Developer Group Balkan (BDGB) ќе овозможи најдобар можен проток на информации и учество на експерти од BlackBerry, како искуството на програмерите и влијанието кое настанот ќе го има врз нив ќе биде со врвен квалитет.
„Драго ми е што го организираме BlackBerry 10 Мini Jam во Белград. Имаме подговено одлични сесии и ги имаме покането надобрите експерти, мобилни оператори и иноватори, кои со задовлство ќе го споделат своето знаење и искуство со програмерите. Покрај тоа за Jam Space обезбедивме BlackBerry експерти, VIP гости, партнери и инвеститори и многу награди за програмеите.”, вели менаџерот на BDGB, Бранко Николиќ.
Просторот во кој се организира Blackberry Mini Jam има капациет за 500 учесици. Регистрацијата е бесплатна и вклучува учество на конференцијата и сите сесии.