Google претстави патики кои зборуваат

0 коментари 1 мин. читање

„Google нема да влезе во бизнисот со обувки!“, но тоа не значи дека компанијата нема да се обиде да ги интегрира вашите  обувки со паметен телефон, јавува Engadget. Претставувањето е дел од конференцијата South by Southwest и треба да покаже како технологијата може да ги промени секојдневните навики.

Патиките кои зборуваат, доаѓаат со жироскоп, сензори за притисок и брзинометар, а коментарите патиките ги даваат преку интегриран звучник. Сето ова е управувано од микроконтролер, а обувките преку bluetooth се поврзуваат со паметен телефон, од каде ќе можете да ги споделите коментарите.  Патиките ќе коментираат најголем дел од вашите движења и ќе ве фалат или дополнително мотивираат во зависност од тоа дали сте избрале мрзеливи или патики за трчање.

„Наша цел е да пронајдеме нов начин за спојување на иновациите со маркетингот и рекламирањето.“, вели Google.

Иако тешко веројатно дека куп сензори и звучник интегрирани во вашите патики ќе може да го заменат личниот тренер, целта на проектот е промоција на креативноста и подршка за девелоперите од Art, Copy & Code. Патиките барем засега нема да бидат произведувани но Google најави дека е можно да го објави изворниот код, па заинтересираните ќе можат сами да си направат патики кои зборуваат.

[youtube]v=_SU6X1d0YUg[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед