Social Media Day кој беше стартуван од блогот за интернет култура Mashable како настан кој jа слави дигиталната револуција, денес се прошири низ 200 градови ширум светот, меѓу кои е и Скопје. Social Media Day Macedonia ќе се одржи по трет пат во Македонија, и како до сега ќе биде отворен настан на кој се поканети сите љубители на друштвените мрежи, дигиталниот маркетингот и интернет културата. За жал, не може да се пријавите да бидете говорник – рокот е завршен, но затоа може да учествувате на настанот на кој се најавени неколку интересни говорници кои ќе ја споделат својата приказна поврзана со друштвените мрежи. Social Media Day Македонија e закажан за 30-ти јуни, со почеток во 17:30 часот во Стара Круша, Волково. Најавените говорници, како што се напишани на официјалниот блог, се:
@ivogievski и @Andov_s ќе говорат за своето искуство со организацијата на првата и втората крводарителска акција преку Facebook и Twitter; @nedelma со храброст ќе раскаже приказна пред публика, ќе зборува за „Лице в лице“ во 10 минути; @banekoma, омилениот дизајнер на твитерџиите кој е неизоставен дел од акциите организирани на нет и офлајн, ќе зборува за своето искуство и работа на транспарентите за скопски маратон; @jburgundi, најпознатиот непознат твитерџија за причините, идеите и целта за често менување Тwitter име и блокирање луѓе на интернет; @IrenaMila ќе зборува за Greenpeace и нивната онлајн мотивација, до мобилизирање и подигање на свеста кај луѓето; @Andrealda994 ќе говори за улогата или недостатокот на истата на друштвените мрежи (Twitter особено) во кревање на свеста и рушењето на тетоважите како табу; „Скопје се носи“ ќе ја претстават својата супер оригинална приказна за животот во Скопје, раскажан на нет; Никола Бојков ќе говори за патот од падините на Осогово па се до Hacker way без број! Има селфи со Марк Зукерберг. Основач е на компанија за дигитален маркетинг и развој на Facebook апликации; Основач на New Media Mk и организатор на Social Media Day, @darko156, ќе биде тука да раскаже (најави) нешто; и ќе чуеме за нови акции од @ONEmk и @DzaBest, и @PelinkovacMK.







