Апликација на денот: SoundCloud има нов дизајн за полесно откривање на музика

во Совети

SoundCloud, популарната платформа за објавување и пребарување на музика од ентузијасти и гаражни бендови до популарни артисти, објави редизајнирана апликација за iPhone, која веќе нема опција за снимање на песни. Апликацијата е направена повторно од нула со намера да се стави фокусот на слушање и откривање на нова музика преку минималистички интуитивен интерфејс, замислен да се контролира со само еден прст, да паузирате песна само со кликнување на екранот, или да скокнете на друга само со брзо лизгање на прстите. Иако е објавена само новата iPhone апликација, наскоро ќе следи редизајн и на aпликациите за Android.

Најголемата промена е што е тргната опцијата за снимање. SoundCloud, кој има 250 милиони слушатели месечно, вели дека поголем дел од корисниците сакаат да слушаат нова музика преку мобилните апликации. Затоа Record копчето е острането, а на негово место се ставени три таба: Home за прелистување жанрови музика, таб за пребарување и You табот каде може да си ги зачувате креираните плејлисти со омилените песни. Опцијата за снимање можеби беше важна за креаторите на музика, посебно независните музичари кои и ја популаризираа платформата, но Soundcloud верува дека подобри резултати ќе се постигнат со посветена апликација за снимање како AudioCopy на Retronym. Покрај редизајнот, SoundCloud најави дека размислува за бизнис план кој ќе ги награди музичарите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments