Во среда, 9-ти октомври, ќе се оддржи вториот Startup Meetup во Скопје. Startup Meetup во моментов е неформално дружење, запознавање и вмрежување на луѓе кои се бават со стартапи, нивно менторирање, инвестирање и претприемаштво, но се планира да стане традиционален собир за стартапи кој ќе се оддржува секоја среда.
На овој втор Startup Meetup ќе се претстави првата акселераторска програма во Македонија, SuperFounders Skopje, кои се организатори на собирот, заедно со проектите за промоција и поддршка на локалните стартапи. Во моментов е отворена програмата Start на која може да се пријавите до 14-ти октомври.
Ќе има и презентации од стартап основачи, кои ќе го споделат своето искуство или пак ќе зборуваат за стручна тема. На настанот може да присуствува секој стартап ентузијаст, без врска дали сака да го презентира својот продукт или да добие фидбек и совети од присутните стартап ветерани како основачите на Ambio.me, Doxout и SportyPal, Tc.mk, 4Vitrus, G6, SocialSpot и други. Повеќе детали за настанот ќе најдете на Facebook.







