Пред неколку денови ви претставивме листа од неколку апликации со кои можете да ги следите резултатите на голем број на спортски натпревари, а денес ви ја претставуваме хрватската апликација Score Alarm која се проби помеѓу најдобрите 30 спортски апликации на 13 различни пазари по само 24 часа од објавувањето.
За само еден ден по објавувањето на глобалниот пазар, Score Alarm е преземана од над 10.000 корисници, со што влезе во топ 30 апликации на повеќе пазари, вклучувајќи го и САД, додека на шест пазари се наоѓа на една од првите три позиции, пишува Netokracija.
За тие што не се запознаени, Score Alarm е апликација за iOS која овозможува следење на скоро сите лиги и турнири ширум светот во 19 различни спортови. Овозможува споредба, head-to-head статистика помеѓу два клуба, нивните последни резултати, како и почетните состави и формации.








