2 коментари 1 мин. читање

Android Police ги откри информациите за новиот Nexus на Google

Откако ненамерно во едно видео беше прикажан новиот Nexus паметен телефон на Google, а потоа видеото беше избришано, Android Police стигаа до нови информации за идниот телефон. Се работи за документ, кој всушност е упатството за користење на LG D821, во кој ги има сите технички информации за телефонот и неговиот дизајн.

Според информациите во документот, LG Nexus ќе работи на Snapdragon 800 со 2.3GHz и ќе има екран од 4,95″ со 1080p, 2GB RAM меморија и 32GB простор за чување на податоци. Задната камера ќе биде со 8 мегапиксели, додека предната со 1.3. Ќе има слот за дополнителна мемориска картичка, NFC, Bluetooth 3, Wireless полнење и сензори за брзина, жироскоп, светло и притисок. За жал, иако има информации дека LG ќе произведува телефони со заобелни екрани, Nexus 5 нема да биде еден од нив.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top