ИТ настан: Најавена е MobileFirstMK, конференција за мобилни технологии

1 коментар 1 мин. читање

MobileFirstMk ќе биде конференција за едукација на ентузијастите и развивачите за мобилни технологии. Идејата зад настанот, кој е организиран од Виктор Зубер Стојановски, Наташа Петкова и Ева Пиперевска, има за цел да ги покрие сите аспекти за како се развиваат мобилни апликации – од програмирањето на апликации за трите најпопуларни платформи: Android, iOS и Windows Phone, до дизајн и маркетинг.

Еднодневната конференција е закажана за 4-ти април на ФОН унерзитетот, и најавено е дека претежно ќе има локални предавачи, иако не е исклучена можноста за изненадување на говорник од страна. Покрај предавањата ќе има и панел дискусии за трендовите во мобилните технологии, во кои ќе може да се вклучат сите од публиката, од инжинери и дизајнери до ентузијастите. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба наскоро.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top