Kинескиот „супер стартап“ Xiaomi ја презентираше својата нова мини-камера Yi, која е доволно импресивен уред за да биде сериозна конкуренција на GoPro.
Камерата чини само 64 долари, иако за тие пари добивате солидни перформанси. Yi Camera снима видео со резолуција од 1080р, при 60 фрејма во секунда, овозможува подводно снимање до 40 метри и има 64 GB слободен простор. Перформансите се подобри од оние на GoPro Hero, кој чини 130 долари, и иако на крај пресуден ќе биде валитетот на снимките. Но, Yi доаѓа со исклучително квалитетен сензор од Sony, Exmor R CMOS. За разлика од GoPro, YiCamera доаѓа без дополителна опрема, која е стандард кога е GoPro во прашање. Xiaomi ја најавува оваа опрема за блиска иднина, кога ќе бидат достапни додатоци како: велосипеди, кациги, па дури и дополнителна опрема за миленичиња.
Со ова покрај Samsung и Apple на кои Xiaomi им е конкурент подолго време, без разлика дали станува збор за телевизори, прочистувачи на воздух, телефони, слушалки и слично, се отвора и конкуренција на GoPro кои долго време се неприкосновен лидер кога спортските камери се во прашање. Сепак во овој период GoPro отвори соработка со повеќе спортови, канали, како и своевидна сопствена телевизија.
Во Македонија камерата ќе биде достапна во Hi Store, а според првите најави ќе чини помеѓу 5.300 и 5.800 денари, цена која иако е повисока од цената во Кина, сепак е значително поприфатлива од цената на GoPro камерите чии цени во земјава започнуваа од 8.000 денари, па се до 26.000 зависно од моделот.