Пребарувачот на Google ќе ги турка нагоре „mobile-friendly“ сајтовите

Google најави дека алгоритамот за пребарување ќе доживее промени со кои „mobile friendly“ сајтовите ќе бидат рангирани повисоко во резултатите. Новиот алгоритам ќе биде имплементиран од 21 април, а со тоа и повисок ранк за овие страни, јави компанијата на својот блог. „Поради ова корисниците ќе можат полесно да дојдад до релевантни, квалитетни резултати кои се оптимизирани за нивните уреди“, вели Google.

Промената ќе дојде наеднаш за глобалниот и за локализираните пребарувач, и според најавите ќе има значителелно влијание на рангирањето на страните. Заедно си известувањето за промената Google повторно ги повтори препораките за креирање сајтови кои се креирани имајќи ги предвид мобилните платформи. Сите заинтересирани можат да проверат дали страната е „mobile friendly“, со помош на Google алатката.

Според најавениот период изгледа дека Google ќе започне да ги промовира мобилните сајтови истовремено со најавените промени во Google Play со кои ќе се промовираат апликации кои се рекламираат со помош на Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk