ИТ настан: На е-Општество 2014 ќе се дискутира за млади и медиуми

во ИТ.МК

е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција во организација на фондацијата Метаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата. Конференцијата е отворен, креативен и интерактивен простор што нуди информации и овозможува дискусија, разни активности и вмрежување. е-Општество: Млади и медиуми ги предизвикува традиционалните гледишта на младите и медиумите и има цел да понуди знаење и инспирација за сите учесници.

Конференцијата е-Општество: Млади и медиуми доаѓа како завршна фаза од големото истражување кое го работевме изминатиот период во 11 земји од Југоисточна Европа, кое имаше за цел да ги истражи позицијата на младите во медиумите, потребите на младите од медиумите, како и нивната вклученост во медиумите. Резултатите од односите помеѓу младите и медиумите за Македонија, како и регионалната состојба, ќе бидат презентирани на самата конференција.

За време на конференцијата ќе може да се погледнат презентации и работилници од водечки експерти и активисти, меѓу кои Vice, Berkman Center for Internet and Society, No Hate Speech Movement, SHARE Defense, Apps for Good, Open Knowledge Foundation и многу други. Покрај презентациите ќе има и 10 интерактивни работилници, 2 панел дискусии и 4 филмски проекции.

Како финално случување во рамки на конференцијата на 8 февруари (сабота) во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи целовечерен музички настан „Youth and Media Digital Night“. Присуството на конференцијата е бесплатно, но заинтересираните мора да го пријават своето учество на конференцијата на e-society.mk. Регистрацијата ќе биде отворена до 15:00 часот на 3 февруари, бројот на учесници е ограничен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk