1 коментар 1 мин. читање

Google потроши 400 милиони долари на DeepMind, стартап кој развива вештачка интелигенција

Google додаде уште еден стартап во своето портфолио на компании кои развиваат вештачка интелигенција. По трошење на неколку милијарди долари за паметните роботи на Boston Dynamics и паметните домашни уреди на Nest, Google сега потроши 400 милиони долари за DeepMind, тригодишен лондонски стартап креиран од дизајнерот на игри и неуролог Демис Хасабис.

За технологијата на DeepMind не се знае многу, бидејќи на сајтот на стартапот има само дека работат на алгоритми за симулација, е-трговија и игри. Како што пишува Recode, AI експертите ја означуваат DeepMind како една од водечките играчи на полето на вештачката интелигенција. Во компанијата работат 50-тина луѓе и веќе во неа се инвестирало 50 милиони долари. За некои „DeepMind е најголемата независна компанија со фокус на вештачката интелигенција“. Но, по аквизацијата се очекува Google да ја инкорпорира нивната технологија во своите продукти, или пак да го искористи тимот на DeepMind за да развие свој супер-паметен пребарувач.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top